Универзитетскиот центар за кариера, доживотно учење и алумни – КРЕДО има за цел обезбедување развој на кариерата и услуги за работно ангажирање на студентите и дипломците на УКЛО, но, исто така, и обезбедување други услуги

за различни целни групи од Универзитетот и поширокиот локален и регионален контекст.

Мисијата на КРЕДО центарот е да едуцира и поврзува различни целни групи со образовни, тренинг, кариерни и можности за работа.

Визијата на КРЕДО центарот е, преку креирање силни врски со бизнис и не-бизнис секторот и задоволување на потребите на пазарот на работна сила, да ја забрза транзицијата на студентите и дипломираните од клупите на Универзитетот

 

до нивната продуктивна и професионална кариера и обратно и да го олесни продолжувањето на образовните перспективи и тренинг активностите за целните групи што се наоѓаат надвор од Универзитетот.

Корисници на услугите

  • Студенти

  • Дипломирани

  • Вработени

  • Алумни

  • Невработени

    young_engineers_574__ssk_61046902.jpg