Во прилог на CV-то, интервјуто служи како можност за самопрезентација, и му дава можност на работодавачот да ги  елиминира кандидатите за  кои interviewсмета дека се   неподобни за работата.

Некои од поважните правила за успешнo интервју се:

  • Обидете се секогаш да биде позитивен, дури и ако искуството биде негативенo, сепак обидете се да извлечете позитивни заклучоци;
  • Не се  критикувајте самите себеси;
  • Одржуваjте контакт со очите;
  • Бидете јасни за тоа што сакате;
  • Не се преправајте дека го знаете она што не го знаете;
  • Ако имате потреба, побарајте објаснување;
  • Зборувајте јасно и прецизно;
  • Бидете природни и опуштени.

Подготовка за интервју

Доколку сте повикани на Интервју, за истото треба и адекватно да се подготвите. Пред да одите на разговор, обидете се да дознаете што повеќе информации за компанијата во која што аплицирате, бидете запознаени со палетата на производи/услуги кои што ги нудат и се разбира внимателно одберете ја вашата гардероба. Затоа што првиот впечаток е најважен. Со класичен избор (кошула, сако, пантолони, сукна и сл.) никогаш нема да погрешите. Избегнувајте искинати фармерки, тесни и кратки маички, кратки сукни и сл. Комбинацијата да биде складна поткрепена со дискретна шминка.

Потрудете се да стигнете на Интервјуто пред закажаниот термин, немојте да касните. Имајте самодоверба, бидејќи доколку сте нервозни и уплашени нема да оставите добар впечаток кај претпоставените.

Во продолжение ќе наведеме некои стандардни прашања кои се поставуваат на Интервју и како треба да се однесувате за истите.

  1. Кои се Вашите слабости ? (ваквото прашање не треба да ве вознемири, немора дирекно да одговорите, обидете се одговорот да го насочите кон вашите позитивни страни);
  2. Зошто сметате дека токму вие сте личноста за оваа позиција ? (овде се очекува да го сумирате вашето работно искуство);
  3. Зошто ја избравте токму нашата компанија? (доколку сте собрале повеќе информации за компанијата и нејзината работа, одговорете што точно Вас Ве интресира, и каде се гледате Вие);
  4. Кои се Вашите цели? (не се впуштајте во долг коментар, наведете ги краткорочните цели и некои поврзете со активностите на компанијата во која аплицирате);
  5. Зошто ја напуштивте претходната компанија? (обидете се да не зборувате лошо за претходниот ваш работодавач, објаснете ги причините во кратки црти);
  6. Кога бевте најзадоволни со вашата работа? (зборувајте за вашата мотивација, што е она што вас Ве мотивирало во работата);
  7. Кои вештини ги поседувате, што не ги поседуваат останатите кандидати? (не ги повторувајте податоците од вашето CV, обидете се да најдете нешто што вие се издвојувате од останатите кандидати);
  8. Колкава почетна плата очекувате? ( ова е трик прашање, не споменувајте први висина на платата, доколку работодавачот инсистира потребно е да имате информација за висина на плата на тоа работно место во останати компании);
  9. Кои се вашите  позитивни особини? (започнете со особините кои се карактеристични односно се бараат за тоа работно место).

СЕКОЈ ИНТЕРВЈУИРАН ТРЕБА:

-         да дава целосни одговори;

-         да не употребува жаргони;

-         да одржува постојан контакт со очите;

-         да слуша внимателно;

-         да не прекинува кога претпоставениот говори;

-         да дава искрени одговори.

На крајот од Интервјуто, често пати се случува да се побара од Вас да поставите прашање. Би ви сугерирале неколку прашања кои би можеле да ги поставите: Дали во компанијата постои можност за унапредување? ; Дали компанијата ги мотивира вработените за повисока функција?; Дали вашите вработени ги испраќате на обуки за доусовршување?; Кои се целите на компанијата; и сл.