Без оглед на тоа што ќе одлучите да направите после завршувањето на Универзитетот, потребно е да напишете писмено апликација (пријава), ова  значи дека треба да знаете да пополнете или напишете формулари, CV или биографија.

Поголем број од апликантите не стигнуваат до интервју поради лошо изработено CV.

Пазарот на труд за дипломираните студенти е многу конкурентен и затоа вие треба да работите напорно за да можете „да се продадете„ на работодавците.

Ако посветите кратко време и ако следите неколку едноставни совети вие можете реално да постигнете нешто различно.

Овде ќе ви покажеме како да ги избегнете(надминете) препреките  и да го покажете вашиот талент во вистинско светло (да се покажете себеси во вистинско светло).

CV доаѓа од Currikulum vitae - што буквално означува приказна на животот. Но тоа не се однесува на цел ваш живот. Препорачливо е во него да се содржат податоци од времето на средното училиште па наваму.

ЗНАЧИ:      1. CV-то се однесува на Вашата иднина, не на Вашето минато

                      2. Држете се до она што може да се „продаде“

                      3. Пишувајте за постигнувањата

                      4. Истакнете ги вештините кои што ги владеете

                      5. Бидете искрени, креативноста е дозволена, но не и лажењето

 

СОВЕТИ ПРЕД ДА ПОЧНЕТЕ

Пред да почнете да го пополнувате вашето CV треба да направите одредена рутинска работа

  • Прво, проверете дали CV-то е правилниот метод за аплицирање во одредена организација - многу работодавци сакаат да ги користите нивните сопствени формулари
  • Потоа откријте за што е заинтересиран работодавецот. Побарајте информација на WEB страната на работодавецот - кои се потребите за одреденото работно место по огласот.
  • Направете пребарување за работодавецот гледано отстрана - може сте  биле  корисник на производите/услугите.
  • Поврзете го истражување со тоа што го нудите и зошто сакате да работите таму.
  • Размислете кои се ваши вештини и искуства кои ги поседувате согласно огласот. Размислете што би сакале да знае оној кој што треба да ве избере.
  • Понудете некои клучни искуства со кои ќе можете да ги покажете бараните вештини и размислете како можете да докажете дека сте погоден или погодна.

 

Ако ги земете во предвид овие упатства тогаш вие стратешки размислувате за тоа зошто оној кој ќе ве избере треба да Ве избере токму Вас.

СТАНДАРДНА СОДРЖИНА

Сите CV-а треба да содржат одредени стандардни информации во кои обично влегуваат:

  1. Лични податоци- име Адреса , дата на раѓање, телефон и Е- маил
  2. Образование и квалификации
  3. Претходни вработувања
  4. Интереси и активности
  5. Препораки

Пожелно е:

  1. Должината на CV-то да се движи од 2-4 страни
  2. Избегнувајте обоена или шарена хартија
  3. Направете добра логична структура
  4. Главните информации треба да бидат видливи а не прикриени
  5. Не треба да има долги пасоси или параграфи, обидете се да ги разделите на повеќе делови
  6. Направете ги впечатливи важните информации
  7. Употребете соодветен проред
  8. Изберете конзистентен фонд
  9. Јазикот треба да биде соодветен и професионален
  10. правописот и граматиката треба да се точни,

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Личниот профил не е основен но може да се вклучи и да се насочи кон одредените вештини кои ги поседувате. Насочете се кон најзначајните квалификации кои што во моментот или неодамна сте ги стекнале.

Не бидете скромни за вашите работни искуства. Потенцирајте ги вашите дополнителни ангажмани. Можеби не сте биле на некоја значајна позиција но на работодавецот му е важно какво искуство сте стекнале кои вештини сте ги освоиле и како се одвива вашиот развој. Исто така немојте да заборавите да вклучите вашата волонтерска работа

АКО ПИШУВАТЕ ИЛИ ГО ОБНОВУВАТЕ ВАШЕТО CV ИЛИ ПОПОЛНУВАТЕ ПРИЈАВА ЗА РАБОТА ЗА ПРВ ПАТ ТОГАШ ТРЕБА ДА УПОТРЕБЕТЕ НЕКОИ ОД ГОРЕСПОМЕНАТИТЕ МАТЕРИЈАЛИ ПРЕД ДА ЗАКАЖЕТЕ СОСТАНОК.

 CV Template

 Онлајн апликација