Студентите од студиската програма за германски јазик на Педагошкиот факултет имаат одлична можност да аплицираат за стипендии во износ од 400 евра што ги доделува SteinbeisBeratungszentrumfürdas Gesundheits - undSozialwesen од Република Германија, чијшто раководител е г. Хајнц Ринас, Почесен доктор на нашиот Универзитет.

Потребните документи што заинтересираните студенти треба да ги достават до Универзитетската комисија, вклучуваат:

 -          биографија на апликантот

-          писмо за мотивација

-          уверение за положени испити во академската 2012/2013, заклучно со септемвриска сесија 2013.

 Универзитетската комисија понатаму ќе ги проследи апликациите до г. Хајнц Ринас, којшто лично ќе ги додели стипендиите на најдобрите кандидати во ноември 2013.

 Дополнителни информации во врска со стипендиите може да се добијат кај професорките по германски јазик:

 Доц. д-р Валентина Илиева

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Проф. д-р Јагода Стрезовска

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Краен рок за поднесување апликации: 15октомври 2013.