Во рамките на веќе воспоставената соработка помеѓи Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и  компанијата КРОМБЕРТ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола, на 15 Март 2016 година  со почеток во 12,00 часот за студентите од сите отсеци на  Техничкиот факултет – Битола, единица во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, ќе се одржи презентација на компанијата КРОМБЕРТ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола.

 

Со презентацијата ќе бидат опфатени повеќе теми и истата претставува добра можност за кариерно насочување на студентите и добивање повеќе информации за потребата од соодветни компетенции кои се бараат на пазарот на труд а се во согласност со потребите на компанијата.

Студентите ќе имаат можност да се запознаат со:

-         Историјата на компанијата

-         Актуелните проекти

-         Работните позиции

-         Интерните обуки и можностите за унапредување

-         Активности кои се преземаат за мотивација на вработените

-         Можности за практиканска работа и сл.

За таа цел, ги повикуваме сите заинтересирани студенти да присуствуваат на празентацијата која ќе се одржи на 15 Март 2016 година  во 12,00 часот на  Техничкиот факултет – Битола.