Со цел запознавање на студентите од Правниот факултет-Кичево дисперзирани студии Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола со можностите за искористување на стипендија за студирање на Универзитетот во Грац, Австрија, на 22,11,2016 година во просториите на КРЕДО центарот при УКЛО, Шпаркасе банка Скопје ги презентираше можностите за проектот Прошири ги видиците, помести ги границите! Биди најдобар на Југоистокот! Промоцијата беше наменета за студентите кои сакаат:

 

  • да го надградат знаењето кое е стекнато на додипломските односно постдипломските студии по право или економија;
  • да стекнат искуство во меѓународното студирање на еден од најстарите австриски универзитети;
  • да ги комбинираат студиите со пракса или обука во една од најмодерните банкарски институции во покраината Штаерска;
  • да се развиваат и учат во меѓукултурално опкружување, во еден од најголемите студентски центри во Австрија, за време на едногодишен престој. 

програмата што вклучува:

  • обезбедено сместување во еден од студентските домови во Грац (еднокреветна соба);
  • месечен џепарлак во износ од 420 €;
  • ослободување од плаќање на школарина на Универзитетот во Грац;
  • регистрација во Универзитетот во Грац;
  • интензивен курс по германски јазик во универзитетскиот јазичен центар „Treffpunkt  Sprachen“;
  • разни социјални и културни случувања во текот на цела година.

Ако се препозна себеси во горенаведеното, Повеќе за програмата и процесот за пријавување дознај на: http://bit.ly/bestofsoutheast