Во рамките на соработката помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола  и Кромберг & Шуберт Македонија ДООЕЛ Битола, а во насока  на професионално усовршување на млади и талентирани студенти, КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ  МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола ќе додели 5 стипендии за студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и тоа 2 стипендии за студентите од Индустриски менаџмент и 2 стипендии за студентите од машински отсек при Технички факултет Битола и 1 стипендија за студентите од насоката Компјутерски науки и инженерство од Факултетот за Информатички и Комуникациски технологии-Битола.

 

Повеќе информации можете да најдете тука.

Формулар за аплицирање

Апликациите за стипендирање да се достават најдоцна до  24 Февруари 2017 година  во Архивата на Техничкиот факултет–Битола и архивата на Факултетот за Информатички и Комуникациски технологии-Битола.