Во рамките на соработката на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Народна Банка на РМ, Ве известуваме дека студентите од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка, имаат можност да вршат практична работа во Народната банка на Република Македонија, во текот на јуни, јули и август 2017 година.

 

Пријавата се доставува до Народната банка откако претходно е целосно пополнета од страна на студентот со потврда и печат на факултетот, а кон барањето треба да се достави и следново:

- доказ за видот на образованието коешто е во тек (копија од индекс или ИД);

- доказ за просечен успех

- доказ за познавање на англискиот јазик (се прифаќа и копија од положен испит по англиски јазик);

- доказ за познавање MS Office (се прифаќа и копија од положен испит по информациски технологии);

- мотивациско писмо. 

При одобрување на пријавата, ќе се имаат предвид видот на образованието, просечниот успех, како и покажаната мотивација за вршење практична работа во Народната банка.

Пријавата за вршење практична работа со повеќе информации, можете да најдете на следниот линк:

http://www.nbrm.mk/?ItemID=D6EE3BC3083E5D4D8FF4224D9E804D03