По повод 17 Ноември - меѓународниот ден на студентите, а во рамките на одбележувањето на 40 годишнината од основањето, Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во соработка со Организацијата на студентите од техничките науки IAESTE како и Центарот за Кариера, Алумни и Доживотно учење (КРЕДО центар) при УКЛО, организира настан под мотото „Чекориме по патот на успехот“ кој ќе се одржи на 20.11.2018 година (вторник) во малата сала на Центарот за култура во Битола, со почеток во 18.00 часот.

 

Целта на овој настан е да им овозможи на студентите да се запознаат со одредени искуства на истакнати менаџери од областа на бизнисот, како и истакнати Алумни на УКЛО докажани во своето поле на работа, а во исто време да ја сфатат важноста на поврзаноста на универзитетот и бизнис секторот, односно поврзаноста на академската и деловната заедница.